Прекинат натпревар во Евролигата поради бомбардирање

Натпреварот од јуниорската Евролига меѓу Монако и Арис е прекинат поради бомбардирање на воените бази кои се наоѓаат во близина на салата. Ситуацијата на Блискиот исток станува исклучително напната по нападот на САД и Израел врз Иран, а сите други држави од тој регион се во состојба на готовност

Во 12.минута натпреварот е прекинат откако судиите беа известени за бомбардирање на воените бази. Официјалните лица ги известија двете екипи да се повлечат од теренот.

„Квалификациите на јуниорскиот турнир од Евролигата во Абу Даби е привремено се прекинува како мерка за безбедност. Евролигата и домаќинот ја следат ситуацијата, се вели во соопштението.

Во меѓувреме Евролигата го откажа целиот турнир и нов термин дополнително ќе биде одреден

Back to top button
Close