(Видео) Трамп танцуваше на донаторска вечера во Мар-а-Лаго само неколку часа пред американските напади врз Иран

Само неколку часа пред американската армија да изврши напади врз Иран, Доналд Трамп е снимен како се приклучува на гостите на донаторска вечера во својот комплекс Мар-а-Лаго. Видео-снимки што се појавија го прикажуваат Трамп во опуштена атмосфера веднаш пред воената операција.

Едно видео, до кое дојде Daily Mail, го прикажува Трамп како игра во салата за танцување под песната на Ли Гринвуд „God Bless the USA“, додека гостите пеат со него. На друга снимка, објавена од корисникот на Инстаграм Ник Шафер, исто така се гледа како Трамп се движи во ритамот на музиката.

&

;

Во еден момент се обратил до присутните: „Сите забавувајте се убаво“, рекол Трамп. „Ние мораме да работиме. Јас морам да работам објави Скопје1.мк

Back to top button
Close