Мицкоски денеска на средба со трговците и претставници на маркетите – нема ценовен шок, состојбата во државата е апсолутно нормална

Премиерот Христијан Мицкоски за денеска во 16:00 часот закажа итна средба со претставниците на големите маркети и трговците. Пред состанокот, тој нагласи дека државата располага со силни аргументи кои покажуваат дека нема објективна причина за зголемување на цените на основните производи.

Мицкоски подвлече дека Македонија во моментов има најниски цени на горивата и најниска инфлација во целиот регион. Според него, снабдувањето со нафта е стабилно и компаниите имаат доволно резерви, со што се елиминираат стравувањата од евентуални ценовни шокови

Back to top button
Close