Мерки за претпазливост за професорот од средно уметничко кој е пријавен за сексуално вознемирување

Наместо притвор, само мерки за претпазливост за 52 годишниот професор во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје кој беше приведен по пријава на 18 годишна ученичка за принудување на полов однос.
Нему одземен му е пасошот, има забрана за приближување до девојчето, како и забрана за извршување на работните обврски.
– На лицето определени му се мерки за претпазливост. Одземање на патна исправа, забрана за приближување на неколку лица и забрана за извршување на работните задачи – велат од МВР.
Неофицијално, на информативен разговор во полиција биле повикани и поранешни ученички за кои постојат индиции дека биле вознемирувани од истиот професор.
Директорот на средното училиште вчера изјави дека случајот со 18 годишната ученичка најпрво бил пријавен кај него, а веднаш потоа била известена полицијата.
Според пријавата до МВР, вознемирувањето од страна на професорот кон ученичката траело од крајот на февруари до почетокот на март годинава.






