Анализа: Војната на Блискиот исток го успорува растот на Србија

Продолжувањето на војната на Блискиот Исток и уништувањето на енергетската инфраструктура ќе влијаат на забавување на растот на српската економија во споредба со планираните три проценти, се намедува во анализата на изданието Квартален монитор што ќе биде презентирана вo петок на Економскиот факултет.

Српската економија лани оствари скромен раст од два проценти, додека планираниот раст од три проценти оваа година е неизвесен поради војната на Блискиот Исток, се наведува во анализата. Во 2025 година Србија ја преполови стапката на раст, која била побавна од просекот на Централна и Источна Европа.

Во четвртиот квартал, на пазарот на трудот преовладуваа негативни трендови, невработеноста малку се зголеми, а реалните плати силно пораснаа.

Високите цени на енергенсите на долг рок ќе го влошат трговскиот биланс, додека одливот на приходи од капитал расте побрзо од приходите од дознаки, што се очекува и во иднина.

Приливот на странски директни инвестиции беше преполовен, но приливот на капитал врз основа на кредити се зголеми, според анализата.

„Квартален монитор“ е билтен за економските трендови и политики во Србија, што се издава од 2005 година, а го издаваат Економскиот факултет на Универзитетот во Белград и неговата Фондација за развој на економските науки (FREN).

Намалувањето на странските директни инвестиции е веројатно од потрајна природа, како последица на деглобализацијата и растот на деловните трошоци во Србија. Инфлацијата значително забави во текот на 2025 година, во голема мера поради административната контрола на цените, базната инфлација на крајот на минатата година и на почетокот на оваа година расте, се додава во анализата.

Растот на цените на енергенсите на светскиот пазар ќе влијае на растот на инфлацијата во Србија, и се додава дека намалувањето на акцизите, интервенциите од стоковите резерви и административната контрола на цените можат привремено да го ублажат влијанието на порастот на цените на енергенсите врз инфлацијата, додека на долг рок, порастот на цените се прелева на инфлацијата.

Доколку економската состојба значително се влоши во 2026 година, дефицитот веројатно ќе биде поголем од планираното, според проекциите на авторите на анализата.

Back to top button
Close