ОЈО Скопје и МВР официјално за случај со детска порнографија
Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкото јавно обвинителство (ЈОРСМ) потврдија дека Основното јавно обвинителство Скопје обезбедило наредби за претреси и во координација со полицијата презема дејствија за обезбедување докази за случај со детска порнографија.

– Повеќе детали во моментов не можат да се споделат – посочуваат од ЈОРСМ.
Министерството за внатрешни работи само соопшти дека по обезбедени наредби за претреси и во координација со ОЈО Скопје презема дејствија за обезбедување докази.
Според првични информации од истрагата, Секторот за Компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во координација со одделенијата за Компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спровеле координирана операција во која биле вршени претреси на седум локации, а полицијата обезбедува докази за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик. Се посочува дека се одземаат компјутерски уреди и податоци кои ќе служат како доказ во понатамошната постапка.





