Бизнисменот Азманов утрово бил натепан во граѓанскиот суд. Тепањето го пријавил во полиција

Познатиот македонски бизнисмен Зоран Азманов, претседател на Надзорниот одбор и директор на градежната компанија „Настел“ ДООЕЛ Скопје, утровп бил физички нападнат во Основниот граѓански суд во Скопје, пренесува Скопје1.

Според неофицијалните информации, инцидентот се случил за време на судење, но засега не е познато што му претходело на нападот, ниту дали Азманов се здобил со повреди и од каков карактер.

Од Министерството за внатрешни работи за Скопје1 го потврдија случајот, наведувајќи дека нападот бил пријавен утрово.

„Пријавено е дека во Основен граѓански суд З.А.(67) бил физички нападнат од Ѓ.С.(61). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР за Скопје1.

Засега нема детали како бил испровоциран настанот.

Back to top button
Close