СДСМ: Мицкоски со Алта банка им ги зема и работните места на луѓето
Соопштение на СДСМ:
Мицкоски со внесот на Вучиќевата Алта банка – поточно пералница за пари стекнати преку криминал и корупција, покрај тоа што ги загрози парите на граѓаните на Македонија, и покрај тоа што штедачите и пензионерите ги остави без пари за храна и лекови, ги загрози и јавните претпријатија и буџетот на државата.

Покрај цела оваа катастрофа што ја направи, Мицкоски го загрози работењето на компаниите што ги доверија своите финансии на банката.
Сега премиерот стравува дека луѓе ќе останат без работа, бидејќи македонски компании барале помош затоа што нивниот бизнис партнер во Србија банкротира поради случувањата со Алта банка.
За Алта банка во Македонија или ќе се најде купувач или ќе оди во стечај. Ако дојде до стечај, премиерот вели дека 95% од штедачите ќе добијат надомест на загубата до 30.000 евра, сума што е осигурана во буџетот и се враќа во целост.
Мицкоски отфрла било каква поврзаност на Владата со влезот на Алта банка во земјава, додека гувернерот Славески претходно изјави дека имал консултации токму со владата.
Сега доаѓа и ова: работни места се под ризик заради неговата одлука да ја донесе Вучиќевата пералница за пари.
Компаниите што веруваа на Alta, сега се соочуваат со банкрот на партнери и загуба на бизнисите. Мицкоски им ги зема и парите, и работата
Нема – „до цент” за сите. Нема купувач за банка со криминално портфолио. Има одговорност. И таа ќе дојде





