Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за напуштање на живеалиштето
Четириесет и седумгодишниот М.А. од Велес, добил дополнителни мерки за претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, односно забрана да го напушти Велес, потврдија од Обвинителството за „Слободен печат“.

Оттаму велат дека активно работат на истрагата која е отворена по мноштвото сведоштва што беа објавени во „Слободен печат“ од семејства на пациенти на кои М.А. им ставал инјекции кажувајќи им дека тоа е „кубанска вакцина против рак“ и наплатувајќи им 3.200 евра по доза.
Покрај тоа што М.А. добил дополнителни мерки за претпазливост, одземен му е пасошот и треба да се јавува во судот, Обвинителството исто така се обратило до различни медицински установи во Србија кои се занимаваат со кубанска медицина, за да потврдат оттаму дали имаат некаква конекција со велешанецот.
…






