Венс го брани Трамп: „Папата нека се занимава со црквата, а не со американската политика“

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека папата Лав XIV не треба да се меша во внатрешните прашања на САД, бранејќи го американскиот претседател Доналд Трамп по неговите критики кон поглаварот на Католичката црква.
Во интервју за Fox News, Венс рече дека Ватикан треба да се фокусира на моралните и религиозните прашања, додека американската администрација ја води јавната политика.
Тој нагласи дека несогласувањата меѓу политичките и верските лидери се „природна појава“ и дека не претставуваат сериозен проблем.
Венс ги минимизираше критиките што следеа од дел од христијанската јавност по изјавите на Трамп кон папата, додавајќи дека вакви несогласувања ќе постојат и во иднина.
Папата Лав XIV претходно беше еден од најгласните критичари на американските воени акции кон Иран и повеќепати повика на воздржаност и мир.






