„Волстрит џурнал“: Европските земји планираат мисија за Ормуската Теснина без САД

Европските земји размислуваат за формирање широка меѓународна коалиција, без учество на САД, за да обезбедат непречен поморски сообраќај низ Ормуската Теснина по завршувањето на конфликтот, а се спротивставуваат на вклучувањето на „завојуваните страни“ и нагласуваат координација со регионалните актери – објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е планирана меѓународна одбранбена мисија, која нема да ги вклучува „завојуваните страни“, прецизирајќи дека ова се однесува на САД, Израел и на Иран, според „Волстрит џурнал“.

Операцијата би се одвивала во три фази – воспоставување логистика за ослободување стотици заглавени бродови, спроведување операција за расчистување мини од големи размери со користење повеќе од 150 европски миночистачи, како и распоредување фрегати и уништувачи за воена придружба, по моделот на мисијата во Црвеното Море.

Планот, според „Њујорк тајмс“, ги одразува зголемените трансатлантски тензии откако американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските сојузници да се приклучат на американските воени напори, вклучително и блокада на иранските пристаништа.

САД во понеделникот воведоа блокада на Ормуската Теснина, што влијаеше на сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа и крајбрежните области, вклучувајќи ги и пристаништата во Арапскиот и во Оманскиот Залив.

Доналд Трамп се закани дека секој ирански брод што се приближува до американската блокада на Ормуската Теснина ќе биде уништен.

Back to top button
Close