„Марш за ангелите” во сабота во Штип
За првпат во Штип, на 18 април, во сабота, ќе се одржи „Марш за ангелите“, 41-ви по ред, посветен на жртвите од трагичниот пожар во „Пулс“, најавија од здружението „16 Март 2025 Кочани“.

Според најавата, маршот ќе започне во 16:05 часот од плоштадот „Слобода“ во Штип, каде граѓаните ќе имаат можност да оддадат почит и да испратат порака за правда.
-За првпат, чекорите на тагата, достоинството и барањето правда ќе одекнат и во Штип. Во знак на почит кон нашите 63 ангели, кон повредените и кон сите семејства што повеќе од една година ја носат најтешката болка, ве повикуваме да ни се придружите на 41-виот Марш за ангелите – соопштија денеска од здружението „16 Март 2025 Кочани






