Нетанјаху го вовлече Трамп во војна, вели Харис


Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, изјави дека претседателот Доналд Трамп бил „вовлечен“ во војна со Иран од одлуките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

-Тој влезе во војна во која Биби Нетанјаху го вовлече, да бидеме јасни за тоа, тој влезе во војна што американскиот народ не ја сака и со тоа ги стави американските војници во опасност – рече таа за време на говорот во Детроит.

Харис го обвини Трамп дека ја користи воената операција „Епски бес“ како „слаб обид да го одвлече вниманието од досиејата на Епштајн“.

Таа ја нарече администрацијата на Трамп „најкорумпираната, најбездушна и најнекомпетентна во историјата на САД“.

Воедно, тврди дека Трамп сака „да шета како да е силен и да ја користи воената моќ на Америка против кого и да избере“.

-Овој претседател е првиот американски претседател од која било партија по Втората светска војна кој ја напушти одговорноста на Америка да ги негува и заштитува нашите сојузи и пријателства – предупреди Харис.

Back to top button
Close