Филипче: Власта на Мицкоски го тероризира народот

Филипче посочи дека, ваквиот пристап на власта има сериозни последици врз демократските процеси и општествените односи во државата.

„Се тероризира демократијата. Владејачкото мнозинство гласаа декларација во собранието, со којшто и забранува на опозицијата да говори на одредена тема, се тероризираат меѓуетничките односи, се загрозува и еден од постулатите на државата. Ова го нема никаде во Европа, ова е антидржавно, антинародно и антиевропско однесување. Оваа влада е таква“, обвини Филипче.

Притисокот, како што посочи, се рефлектира и врз економските текови и буџетската состојба во државата.

„Се тероризира економијата, дефицитот којшто е предвиден за оваа година веќе сега овој месец достигна 60 и кусур проценти од 650 милиони, околу 400 милиони веќе е дефицитот во буџетот. Наплатата на приходите е само 20 проценти“, рече Филипче

Back to top button
Close