Николоски на ФБ: Утре се пушта во употреба клучка Требеништа на автопатот Охрид-Кичево
Утре се пушта во употреба клучка Требеништа, уште еден дел од автопатот Охрид-Кичево, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фајсбук профил по увидот во изградбата на автопатот доцна вечерва заедно со директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски.

-На автопатот Охрид – Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден. Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа, со што се завршува уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево, напиша Николоски.
Нагласи дека резултатите се неизбежни – кога се има јасна цел, силна координација и волја.

-Интензивно работиме и на споредните патишта, кои не беа предвидени претходно, со цел ниту едно населено место да не остане неповрзано. Покажуваме континуитет и одговорност во реализацијата на капиталните проекти кои се од стратешко значење за државата – нагласи вицепремиерот Николоски.вј/
Фото: ФБ Николоски







