Гинекологот Мухамед Асани оди во затвор
Гинекологот Мухамед Асани пред две недели правосилно е осуден на казна затвор од три години, зашто на Јалдз Веапоска од Дебар ѝ ги извади матката, јајчникот и бубрегот при царски рез.

Како што дознава „Слободен печат“, Апелациониот суд Битола ја одбил неговата жалба и ја потврдил затворската казна за тешки дела против здравјето на луѓето. Исто така, Апелациониот суд за гинекологот Асани ја потврдил и споредната санкција – пет години забрана да врши професија, дејност или должност лекар.
…






