Игор Ангеловски – Мрме стана селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан
Поранешниот македонски селектор, Игор Ангеловски – Мрме ја презеде репрезентацијата на Таџикистан. Тој денеска официјално беше промовиран во селектор на 103-та репрезентација на ФИФА листата.

Во објавата на социјалните мрежи, на Фудбалскиот сојуз на Таџикистан, се потенцира дека Ангеловски ја однесе Македонија на Европското првенство во 2020 година.
Исто така се наведува дека тој ќе го подготвува националниот тим за настап на првенството на Азија, во Саудиска Арабија наредната година.
Ангеловски во кариерата беше тренер во Работнички, Каспиј, Горица и Етникос






