По 39 години се затвора „Седмица“ кај грчка амбасада


По 39 години се затвораат вратите на првиот дуќан на една од најпрепознатливите сендвичарници во Скопје – „Седмица“, кој е лоцирана кај грчката амбасада.

На социјалните мрежи граѓаните споделуваат спомени поврзани со местото кое со години беше симбол на препознатлив хамбургер со помфрит во сендвичот.

Сендвичарницата важеше за збиралиште, пред се на помладите, и успеа да го задржи своето место кај љубителите на класичниот хамбургер.

Со затворањето на овој локал, Скопје губи уште едно место кое беше дел од секојдневието и урбаната меморија на главниот град.

Back to top button
Close