Најчевска: Во 2001 година се случи акт на терор, според нашето и според меѓународното право


Професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи реагираше на изјавите на Халил Снопче и на Арбен Таравари, кои тврдат дека Ослободителната народна армија (ОНА) и нејзините борци „не се терористи“ и нивното барање веднаш да се смени натписот на спомен-плочата на баталјонот за специјални сили во касарната „Илинден“.

Плочата беше поставена за да се одбележат 25 години од масакрот на ОНА извршен врз осуммина војници на АРМ и полицајци кај тетовското село Вејце за време на воениот конфликт во 2001 година.

„Тоа што се случи во 2001 година беше акт на терор според нашиот Кривичен законик и според меѓународното право. Тоа што водачите на терористичката група не беа соодветно процесирани и казнети е заслуга на ДПМНЕ и Груевски. Меѓутоа не е доцна. Овие дела не застаруваат. Сега е време да започнат постапки. Ако зборуваме за владеење на правото“, напиша Најчевска во објавата.

Back to top button
Close