Трендафилов: Фокусот треба да биде спречување на луѓето да заминат од Македонија, но и обезбедување услови да останат дома

Регионална министерска конференција – „Предводење на промените: Патеки кон демографска отпорност согласно потребите на луѓето”, во организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади, во партнерство со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА).
Централниот фокус на конференцијата беше развивање заеднички одговори на длабоките демографски трансформации кои го обликуваат регионот на Источна Европа и Централна Азија.
Aктуелните демографски трендови и предизвици, се прашање од суштинско значење за секоја држава, за иднината на секое општеството и за постигнување на целите за одржлив развој како и прашање од суштинско значење за сите активни чинители во самото општество како што се синдикатите, а особено Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) како најстар, најброен синдикат и столбот на синдикалното движење во Македонија.
Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов беше еден од панелистите, тој покрај другото истакна:
,,Нашиот фокус треба да биде да не ги спречуваме луѓето да заминуваат од државата, но да им обезбедиме услови и услуги да сакаат да останат во Македонија, а тоа може да се постигне преку градење на политики за вложување во човечки капитал, подобрување на животен стандард, поголеми плати и враќање на доверба во системот.”






