Филипче: Дејан Николовски остави значаен белег со својата посветеност на социјалдемократските вредности

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на прерано починатиот сопартиец и долгогодишен активист, Дејан Николовски. Филипче истакна дека Николовски, како член на Извршниот одбор на партијата и носител на повеќе функции, оставил траен впечаток со својата одговорност и искрена борба за зачувување на општествените вредности.
Во својата објава, лидерот на опозицијата нагласи дека неговиот колега ќе остане запаметен пред сè по неговата човечност, чесност и другарски дух. Филипче додаде дека придонесот на Николовски во СДСМ ќе биде трајно врежан во сеќавањата на сите негови соработници кои имале чест да го познаваат. „Нека му е вечна слава и нека почива во мир“, напиша претседателот на СДСМ во својата последна порака до починатиот сопартиец.
Веста за заминувањето на Дејан на фб ја соошти неговиот брат и ги шокираше сите што го познаваа.
Со голема тага и болка во душата ги известувам сите наши роднини и пријатели дека мојот брат по кратко боледување ненадејно почина. Нека ти е светол патот и почивај во мир. Дејан ќе го испратиме на неговото вечно почивалиште на градските гробишта во Бутел во понеделник, 11.05.2026 година во Капелата од 11’30, напиша брат.






