СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

Денеска Петер Маѓар положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија. Пред еден месец тој порача дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и директно го спомена Никола Груевски, прашуваат од СДСМ.

 

Помина еден месец а Владата на Христијан Мицкоски и министерот Филков молчат.

 

– Advertisements –

 

Граѓаните заслужуваат јасен одговор на едноставно прашање:

 

Дали е испратено официјално барање за екстрадиција на Никола Груевски или не?

 

Прво беше оправдување дека „се комплетира документација“ и потоа дека „процедурите се во тек“.

 

Сега што е изговорот? Што се чека?

 

Колку време ѝ треба на оваа криминална власт да испрати документација за осуден криминалец и бегалец од правдата?

 

Очигледно Мицкоски го штити Груевски.

 

Додека други држави, како Полска реагираа за еден ден и веднаш побараа екстрадиција на нивните функцинери, кај нас месец нема никаква информација дали документите воопшто се испратени, велат од СДСМ.

 

Back to top button
Close