Делови од Кисела Вода и Студеничани денес без струја

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, во недела (10.05.2026 година) дел од корисниците во општините Кисела Вода и Студеничани ќе останат без електрична енергија.

Во периодот од 05:55 до 16:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од булевар „Борис Трајковски“ во Пинтија – Индустриска зона, во општина Кисела Вода.

Од 05:55 до 16:55 часот без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците во селата Цветово, Драчевица, Долно Количани, Горно Количани, Мала Река, Алдинци, Рамни Габер, Вртекица, Пагаруша, Црвена Вода и Палиград во општина Студеничани.

Од ЕВН апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски согласно најавените прекини.

 

Back to top button
Close