Скандал со додатоците во градинките: Стеваноски го обвини Јаким Неделков за дискриминација на вработените

​Адвокатот Жарко Стеваноски јавно упати остри критики до претседателот на СОНК, Јаким Неделков, обвинувајќи го за антисиндикално однесување и обид за дискриминација на вработените во детските градинки. Поводот за реакцијата е успехот на вработените во ЈОУДГ „Наша Иднина“ од Прилеп, кои со поддршка на синдикатот НСОН, успеаја да го остварат правото на додаток на плата за работа со зголемен број деца.

​Стеваноски реагира на ставот на Неделков кој тврди дека правата од Колективниот договор потпишан од СОНК можат да ги остваруваат исклучиво нивните членови. Адвокатот прашува дали ваквиот настап е одлика на синдикален лидер или на политичар, потсетувајќи дека секое условување на колективните права со членство во одреден синдикат претставува директна дискриминација во работните односи.

​Според Стеваноски, симптоматично е тоа што на мал број вработени им биле потребни само два месеци да го активираат ова право, кое СОНК го договорил уште во 2022 година, но не го реализирал на терен. Тој упати директно прашање до Неделков – зошто СОНК чекал две години за да го оствари ова право за вработените и дали со ваквите ставови всушност ги советува властите како да го сопрат бранот на исплати на додатоци низ целата држава.

Извор: revolucioner.com

Back to top button
Close