Владимир Кецмановиќ во судница: „Не сум виновен, обвинителството ме мести, немаат докази против мене“

На денешното судско рочиште против родителите на момчето убиец Коста Кецмановиќ во Белград како што неофицијално дознава српски „Информер“, таткото на Коста – Владимир Кецмановиќ се изјаснил за невин пред судот.
– Не сум виновен, обвинителството ме мести, немаат никакви докази против мене – рече Владимир Кецмановиќ.
Судењето на родителите на Коста – Миљана и Владимир Кецмановиќ продолжи денес, а на него беа прикажани ужасни фотографии од масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“.
На судењето присуствуваа и родителите на децата кои беа брутално убиени, па се претпоставува дека прикажувањето фотографии и видеа од местото на масакрот беа многу трогателни за сите во судницата.
Масовното убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград се случи на 3 мај 2023 година, кога тогаш тринаесетгодишен Коста Кецмановиќ уби девет ученици и еден обезбедувач со пиштолот на својот татко, а повреди уште пет деца и еден наставник.






