Захарова: Време е Лондон да побара психијатриска помош

Време е претставниците на британската влада да побараат психијатриска помош, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ја одлуката на Лондон да воведе санкции врз психијатриска болница во Крим.
„Кога владата на премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, воведува санкции врз психијатриската болница, време е Лондон да побара помош од психијатриски медицински сестри“, рече Захарова.
Велика Британија воведе санкции врз 85 лица и организации претходно денес, вклучувајќи ја „Петтата клиничка психијатриска болница“ во Севастопол, Државниот универзитет во Севастопол и санаториумот „Здравница“ во Евпаротија, Крим.






