Група малолетници фрлале разни предмети кон угостителски објект во Скопје, сопственикот излегол и истепал едно дете

Вчера во 21:50 часот во СВР Скопје, Г.К.(45) од Скопје пријави дека околу 20:50 часот во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.С.(53) од Скопје.

Претходно, А.С. пријавил дека околу 20:00 часот, група на малолетници, со разни предмети фрлале кон неговиот угостителски објект, кој се наоѓал во трговскиот центар.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close