Минималната синдикална кошничка за мај 2026 година, 68.743 денари

t

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека вредноста на минималната синдикална кошничка за мај 2026 година во Македонија достигнува 68.743,00 денари, што претставува мало намалување од 54,00 денари во споредба со април, кога изнесувала 68.797,00 денари.

Според објавените податоци, структурата на месечните трошоци за едно семејство вклучува најголемо учество за храна и пијалоци (25.475 денари или 37,1%), потоа за домување, вода, електрична енергија и греење (6.338 денари), како и за облека и обувки (6.334 денари).

Другите трошоци вклучуваат транспорт, комуникации, рекреација и култура, образование, ресторани и хотели, како и други категории основни услуги и стоки. Во случај на кирија за стан од 60 м², минималната синдикална кошничка се зголемува на 84.117,00 денари, каде што само трошоците за домување и комуналии изнесуваат 21.713 денари.

Back to top button
Close