СДСМ: Левица не е поканета – ниту ќе биде поканета, во Фронтот на вистина и правда нема место за ВМРО сателити

Соопштение на СДСМ

Не сте поканети, ниту ќе ве поканиме.

Фронтот на вистина и правда не е за приврзоци на ВМРО и сателити од типот на ЗНАМ и Левица – ЗНАМ верзија 2.0.

Знаеме дека ве ангажира Мицкоски сега кога се распадна ЗНАМ и нивниот предводник, бугарскиот стопанственик Максим Димитриевски.

Нема да му помогнете на ВМРО, бидејќи останаа уште само 11 дена до неисполнување на Реформската агенда – уште еден доказ за лагите на Мицкоски.

Може да правите шпионски афери, Левица и ЗНАМ да нè напаѓате колку сакате – граѓаните ќе ја знаат вистината.

Левица е анти-ЕУ партија во земја кандидат за ЕУ, во која 77% од граѓаните се за ЕУ.

Анти-НАТО партија во земја членка на НАТО.

Руска партија во земја во која Америка е стратешки партнер.

Партија направена и финансирана од Мицкоски за ништо – да глуми опозиција и да ја напаѓа СДСМ кога е потребно.

Останете за тоа за што сте направени – за ништо, бидејќи за ништо друго и не служите.

Реформи сега. Правда сега. Европа сега.

Back to top button
Close