Откриен мал син октопод на Галапагос

Истражувачи открија нов вид октопод (женка) во длабочините на морето на Галапагоскиот архипелаг, се вели во неодамна објавен научен труд.

Ситниот син октопод, „Microeledone galapagensis“, првпат бил забележан за време на длабокоморска експедиција во 2015 година, која го истражувала океанското дно во близина на островот Дарвин, во северниот дел од архипелагот.

 

– Многу е мал! И син е!, – се слуша на снимките од научната мисија.

 

„За време на експедицијата биле забележани уште два примероци од овој вид, а женката била пронајдена на длабочина од 1.773 метри, соопшти природонаучниот музеј „Филд“ во Чикаго.

– Веднаш знаев дека станува збор за нешто навистина посебно. Никогаш не сум видела ништо слично – изјави Џенет Војт, главна авторка на студијата која го опишува новиот вид.

Научната студија, објавена во списанието „Зоотакса“ (Zootaxa), ја опишува оваа животинска форма како „мала, силна, со кратки раце, со помал број пипци и плочки на жабрите, со мазна кожа.

 

– Тоа се мали октоподи кои живеат во длабочините на морето и речиси никој на Земјата никогаш не ги видел. Се сметам за среќна што имав можност да работам со нив – изјави Војт. Таа додаде дека океаните сè уште се огромна и недоволно истражена средина. Ако целото копно на Земјата се спои, не би го покрило Тихиот Океан. Океаните се толку огромни и сè уште има толку многу за истражување, нагласи Војт.

 

Back to top button
Close