Сопругата на починатиот оперски пејач: Мојот живот е врзан за тебе, никогаш нема да те заборавам!

Христина Велкова – сопругата на оперскиот пејач Ристе Велков кој заедно со нивниот син почина во страотна сообраќајка на 21. минатиот месец на скопската обиколница помеѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци се огласи на Фејсбук со потресни стихови за него.

„Никогаш нема да те заборавам.

Не ме заборавај

Мојот живот врзан за тебе

Те сакам сè повеќе и повеќе

Во мојот сон остануваш

Не ме заборавај

Мојот живот врзан за тебе

Секогаш има гнездо во моето срце за тебе

Не ме заборавај.

Не ме заборавај!“ пишува Велкова.

Back to top button
Close