По упадот во „Информер“, демонстранти фрлаа јајца кон ТВ Пинк – Студентите во блокада повикаa да нема насилство

Според објавите на Н1 и Нова.рс насобраните граѓаните фрлале јајца и шишиња кон зградата, а во еден момент дошло и до кошкање од полицијата.
RTV Pink, dom Kristijana Golubovića i Željka Mitrovića https://t.co/kYimjCVBt4
— Daniel Bukumirovic (@bukumir) October 26, 2026
Претходно демонстранти упаднаа во редакцијата на српскиот таблоид „Информер“, кој, како и ТВ Пинк важи за близок до власта на поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ и неговата партија Српската напредна партија. Упадот во медиумот, кој има и печатено издание и телевизија, се случи додека на ТВ-каналот во живо се емитуваше емисијата „Колегиум“. Тие ја прекинаа програмата и бараа од сопственикот и главен уредник, Драган Вучиќевиќ да излезе и да им се извини на граѓаните. Демонстрантите бараа тој да биде и уапсен за, како што можеше да се слушне, тоа што го правел изминатите години служејќи му на Вучиќ. На местото по неколку повици, интервенираше специјалната полиција за сузбивање на нереди.
На социјалната платформа Икс беше објавено видео од сопственикот на „Информер“, Драган Вучиќевиќ, снимено најверојатно во просториите на таблоидот, на кое се гледа како повеќе лица го држат за раце и го пренесуваат од една во друга просторија. На снимката тој изгледа дезориентирано, а горниот дел од неговата маица е мокар, како да бил полеван со вода.
Студентите во блокада: Нема место за конфликти и насилство
Студентите во блокадата, кои вчера победија на вонредните парламентарни избори со Студентскиот листа „Студентите победуваат, објавија дека вечерва ја слават изборната победа и дека нема место за конфликти и насилство.
Тие на социјалните мрежи соопштија дека не ги поддржуваат упадите во медиумите и институциите, ниту пак повикуваат на нив.
„Ја разбираме среќата, емоциите и потребата конечно да ја прославиме победата по сè што поминавме. Но, сега е важно да останеме достоинствени и одговорни. Не ги поддржуваме упадите во медиумите и институциите, ниту пак повикуваме на нив. Ќе ги ослободиме медиумите во парламентот, со институционална борба за слобода и професионално новинарство. Ја освоивме победата заедно, да го зачуваме достоинството“,велат студентите.
Инаку, десетици илјади граѓани вечерва ја слават изборната победа на плоштадот „Славија“.
„Вечерва ја славиме најважната победа во нашите животи. Ја славиме победата, ја славиме слободата! Ги покануваме сите граѓани да ни се придружат на „Славија“ и на плоштадите низ цела Србија, заедно да го прославиме овој историски момент“,
наведоа студентите претходно на социјалната мрежа Икс.
Вечерва, додадоа тие, е време за радост, песна и заедништво, додека „нема место за конфликти и насилство“.
„Секој ќе одговара за своите постапки пред законот. Доаѓа време на одговорност“,се наведува во соопштението.
Nešto nam se tetura Dragan.
Izgleda da je vetar preko jetre preterao. https://t.co/HPsog52gz1— Bora (@BoraKonj) October 26, 2026
Повик до граѓаните да не посегнуваат по никаков вид насилство упати и носителот на Студентската листа, проф. д-р Илија Срдановиќ.
„Драги сограѓани, ве молам останете до крајот на изборниот процес и продолжете да бидете мирни и достоинствени, како што бевте до сега. Изборите сè уште не се завршени, резултатите од изборите не се објавени. Мора да останеме достоинствени до крајот. Не посегнувајте по никаков вид насилство. Ова е она што вашата Студентска листа и вашето студентско движење бараат од вас да го направите. Да живее Србија“, вели Срдановиќ во пораката објавена на социјалните мрежи.






