МОЖЕ НЕКОЈ ДА СЕ ИСМЕВА АМА СЕГА СМЕ ВО ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА ПО РАСТ НА БДП, РЕЧЕ МИЦКОСКИ

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека земјава во првите три месеци од 2026 година ќе биде меѓу трите земји во Европа според растот на Бруто-домашниот производ (БДП).

„Што се однесува до бруто-домашниот производ, сите индикатори коишто ги следиме од првиот квартал којшто веќе измина, тоа се месеците јануари, февруари и март, велат дека ќе имаме, во услови на епска светска енергетска криза, солиден раст. Јас би очекувал растот да се движи меѓу 3 и 3,5%. Номиналниот раст би бил можеби два до два и пол пати поголем од тоа, но да почекаме Државниот завод за статистика да ги објави бројките. Но, како и да е, повторно ова сега што ќе го кажам може некој на социјалните мрежи да го исмева, но како и да е, сега ќе бидеме не во првите пет, туку во првите три во Европа“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на отварање на училиштен базен во Општина Карпош.

Пред 10 дена, Мицкоски рече дека „според растот на бруто домашниот производ е во првите три, во првите пет во Европа, колку тоа и да наиде на потсмев кај одредени структури коишто јас ги нарекувам талог на ова општество

Back to top button
Close