Скопјанец со пиштол пукаше кон полицајци и побегна
МВР информира дека рано утринава во 01:20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.П.(46) од Скопје затоа што при обид за легитимирање од страна на полициски службеници извадил пиштол и испукал еден куршум кон полициските службеници, по што се дал во бегство, а по преземени мерки бил пронајден и приведен.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок






