Живот во стаклено ѕвоно: Кои се последиците од преголемата заштита на децата

Желбата детето постојано да биде среќно може да има спротивен ефект од очекуваниот“, наведуваат педагозите.

Тагата, разочарувањето и неуспехот се важни делови од растењето и токму преку нив децата ја стекнуваат отпорноста која им е неопходна за справување со животните предизвици во подоцнежните години.Денешното детство е тешко да се спореди со растењето на претходните генерации, наведуваат педагоците.

„Воспитните стилови денес се многу различни, па затоа даваат различни резултати, смета педагогот Снежана Голиќ.

Како една од најголемите промени во современото воспитување, таа го посочува раздвојувањето на правата и одговорностите, како и значително намалената толеранција кон фрустрација кај децата.

-Порано правата и одговорностите одеа заедно и на децата им беше јасно дека права без одговорности не постојат. Денес преголемата нивна заштита доведува до тоа одговорностите да ги добиваме доцна, а правата многу рано, што ги збунува децата. Родителите кои настојуваат да му го олеснат секој проблем на детето најчесто тоа го прават со најдобри намери. Тоа се родители кои многу тешко ја поднесуваат детската болка, тага и незрелост и се обидуваат да ги спречат сите проблеми што би можеле да го доведат детето во таква состојба, објаснила педагогот.

Според Голиќ, детето треба да научи како да се справува со проблемите, тагата и разочарувањето. Ваквиот начин може да има долгорочни последици, бидејќи живот без проблеми не постои. Постои само нашата претстава за тоа дали и како ќе ги решаваме проблемите и на кој начин ќе се избориме со нив. Тагата, разочарувањето и неуспехот се важен дел од растењето. Голиќ предупредува дека децата кои долго време биле заштитени од сите непријатности подоцна можат многу потешко да ги поднесат посериозните животни удари.

-Одеднаш добиваат многу големо количество тага која тешко ја поднесуваат и не ги познаваат тие емоции, ниту знаат како да излезат од нив, изјавила Голиќ, поврзувајќи ја оваа појава и со зголемениот број ментални проблеми кај младите.

Според Голиќ, важна улога има и соработката на училиштата со родителите кои од страв настојуваат да ја контролираат секоја ситуација во која ќе се најде нивното дете.

-Тука нема лоша намера. Речиси сите родители и деца ги поврзува огромна љубов. Едукацијата на родителите е една од клучните задачи на стручните лица, нагласила Голиќ.

Според неа, најважно е родителите прво да го запознаат своето дете, оставајќи ги своите очекувања настрана. Да умеат да препознаат што навистина му е потребно. Таа додава дека децата не треба да се подготвуваат за училиште како да се испраќаат во војна, туку треба малку попозитивно да гледаат на новиот почеток.

Back to top button
Close