По првпат во земјава осуденик доби свидетелство за средно образование завршено во затвор

Управата за извршување санкции информира дека по првпат во земјава осуденик добил свидетелство за завршено средно образование во рамки на затворска установа. Станува збор за осуденикот Д. Т. од затворот во Струмица кој успешно ја завршил првата година од средното образование во ДСУ „Никола Карев“ со добар успех.

„По првпат во Македонија направен е историски чекор напред во ресоцијализацијата и образованието зад затворските решетки! Во КПУ Затвор Струмица денес беше испишана нова страница во македонското правосудство и пенитенцијарен систем. Ова не е само обичен документ, туку круна на заедничкиот заложби, силниот институционален капацитет на КПУ Затвор Струмица и нашата непоколеблива визија дека вистинската ресоцијализација е можна само преку едукација, знаење и вистински општествени вредности“соопштија денеска од Управата за извршување санкции.

Оттаму велат дека школувањето на осуденикот ќе продолжи со силно темпо сè до неговото конечно дипломирање.

Back to top button
Close