ЃОРЃИЕВСКИ НАМЕСТО ДА БИРА ДИРЕКТОР – УНИВЕРЗАЛНА ДА ЈА СТАВИ ВО МИРУВАЊЕ

🚨Градоначалникот на Град #Скопје, Орце Георгиевски, јавно изнесе невистинити информации со што ја доведе јавноста во заблуда во врска со ПОНИШТЕНИОТ конкурс за избор на директор на ЈУ Универзална сала.

🔸️Имено, градоначалникот тврдеше дека конкурсот бил поништен бидејќи се пријавил само еден кандидат со нецелосна документација. Меѓутоа, достапните информации и јавно објавените реакции од учесници во постапката упатуваат на поинаква фактичка состојба и отвораат сериозни СОМНЕЖИ за вистинитоста на ова тврдење.

📣Затоа, го повикуваме градоначалникот јавно да ги поткрепи своите тврдења со конкретни ДОКАЗИ и документи. Доколку навистина постоел само еден кандидат со нецелосна документација, нека ги објави официјалните податоци од постапката, бројот на пријавени кандидати и записниците врз основа на кои е донесена одлуката за поништување на конкурсот. Воедно, сметаме дека целиот случај отвора едно многу поважно прашање: дали воопшто постои потреба од избор на директор во институција чиј објект сè уште е во фаза на реконструкција и не ја извршува својата основна дејност?

❗️Во услови кога објектот на Универзална сала е далеку од завршен, сметаме дека Јавната установа на Град Скопје „Универзална сала“ треба привремено да се стави во мирување до целосното завршување на реконструкцијата, добивањето на сите неопходни дозволи и официјалното отпочнување со работа. Не гледаме никаква оправданост за спроведување постапки за избор на директор, планирање нови вработувања и создавање дополнителни административни ТРОШОЦИ за институција која во моментов фактички не ја врши својата основна дејност и не располага со функционален објект.

📌Истовремено, предлагаме сите постојни вработени во ЈУ „Универзална сала“ транспарентно привремено да бидат ПРЕРАСПРЕДЕЛЕНИ во останатите јавни установи на Град Скопје, согласно потребите на установите и квалификациите на вработените. На овој начин ќе се обезбеди рационално користење на јавните средства. Градот Скопје, најнапред треба да ја изгради и оспособи институцијата. Сè друго претставува нереална „мерка” и задоволување на тесно-ПАРТИСКИ интереси и политичка кадровизација пред реалните потреби на културниот сектор.

Back to top button
Close