Исмаил Синани е предложен за нов член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

На јавниот оглас се пријавија вкупно 11 кандидати, од кои осуммина ги исполнија условите. Кандидати кои го поминаа првичниот процес на селекција беа: Миле Стојановски, Јасна Оровчанец-Арангеловиќ, Исмаил Синани, Усеин Елезоски, Кадрије Мустафа, Жаклина Дамческа, Кристина Наќеска-Арсовска и Несиме Јашари-Љума.

Претседателот на Комисијата, Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ, ги запозна присутните со начинот на спроведување на постапката и текот на интервјуирањето на кандидатите. Воедно, тој информираше дека кандидатите Усеин Елезоски и Кадрије Мустафа се неоправдано отсутни.

По спроведената постапка и разгледувањето на кандидатурите, за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација од страна на Комисијата беше предложен кандидатот Исмаил Синани.

Покрај членовите на Комисијата и пратениците, во процесот активно учествуваа и претставници на граѓанскиот сектор, меѓу кои Хелсиншкиот комитет за човекови права, Македонското здружение на млади правници и други организации кои дејствуваат во областа на спречувањето и заштитата од дискриминација.

Back to top button
Close