Спонзорот на Шкендија се закани дека ќе се повлече ако ФФМ не ја преиспита одлуката со која го санкционира тетовскиот клуб

Во соопштението до медиумите, главниот спонзор на ФК Шкендија наведе дека клубот отсекогаш бил пример за сериозност, коректност и целосно почитување на спортските и финансиските обврски правејќи големи жртви низ годините.

Оттаму одлуката на ФФМ ја оценија за неприфатлива и скандалозна и предупредија на можноста за целосно повлекување од клубот, односно од фудбалот во Македонија доколку таа не се коригира

ФФМ пред неколку дена му изрече казна на тетовскиот клуб Шкендија во вкупен износ од 105 000 евра поради низа прекршоци сторени за време на финалниот натпревар од Купот на Македонија против ФК Силекс. Клубот дополнително е казнет со исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027

Спонзорот на фудбалскиот клуб Шкендија остро одговори на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) да го казни тетовскиот клуб со вкупно 105 000 евра и исклучување од учеството во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027 и побара од ФФМ таа итно да биде преиспитана и коригирана.

 

 

Во соопштението до медиумите, главниот спонзор на Шкендија наведе дека клубот отсекогаш бил пример за сериозност, коректност и целосно почитување на спортските и финансиските обврски правејќи големи жртви низ годините. Оттаму одлуката на ФФМ ја оценија за неприфатлива и скандалозна и предупредија на можноста за целосно повлекување на клубот од македонскиот фудбал доколку таа не се коригира.

 

„Шкендија е клуб кој со своите достоинствени настапи во Европа го зголеми коефициентот на лигата, од што корист имаат сите локални клубови и благодарение на тоа, од следната година, нашиот фудбал ќе има дополнително место во европските купови. Ваквиот пристап нè принудува да ја разгледаме можноста за повлекување од клубот, односно од фудбалот во Северна Македонија“,

 

се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека доколку ФФМ не ја повлече оваа одлука, тие како спонзори на Шкендија сериозно ќе ја разгледаат можноста за натамошно продолжување на поддршката, со оглед на тоа што, како што наведоа, оваа одлука ги нарушува правата и политиките на клубот.

 

„Очекуваме органите на ФФМ итно да реагираат и да ја преиспитаат одлуката, во интерес на спортската правда, клубот и иднината на фудбалот воопшто“,

 

се вели во реакцијата на спонзорот на ФК Шкендија.

ФФМ пред неколку дена му изрече казна на тетовскиот клуб во вкупен износ од 105 000 евра поради низа прекршоци сторени за време на финалниот натпревар од Купот на Македонија против ФК Силекс. Клубот дополнително е казнет со исклучување од натпреварувањето во Купот на Македонија за сезоната 2026/2027

Back to top button
Close