Мицкоски: Пријателска и срдечна средба со Макрон
Премиерот Мицкоски на социјалните мрежи сподели дека имал „пријателска и срдечна средба“ со францускиот претседател Емануел Макрон.

– Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме.
Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања.
Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка.
Продолжуваме посветено и со јасна цел цврсто да чекориме напред. – напиша Мицкоски.






