Наставник физички нападнал малолетна ученичка во училиште во Кичево
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С. (68) од селото Другово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, додека извршувал работни задачи како професор во средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка.
Во инцидентот ученичката се здобила со телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Кичево.
По преземените мерки и документирањето на случајот, против професорот е поднесена соодветна кривична пријава.






