Скопската вода безбедна за пиење

Водата на скопската територија е безбедна за пиење, соопштија попладнево од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, информирајќи за дневните мониторинг- активности за испитување на квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

Во текот на денов, од страна на секторот Санитарна контрола при јавното претпријатие биле земени 40 примероци од скопската водоводна мрежа.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – информираа од јавното претпријатие.

Back to top button
Close