„Шкендија одби финансиска помош од ФФМ во износ од 700.000 евра!“

Предводникот на македонскиот фудбал, Масар Омерагиќ, на денешниот брифинг со новинарите откри и дека челниците на Шкендија Тетово одбиле финансиска помош од ФФМ.
Тетовци добиле понуда што ретко кој клуб би ја одбил во делот на опремувањето на стадионот кој се реновира веќе извесен период, но решиле да не ја прифатат од причини кои не ги навеле.
„Ние имавме средба со луѓе од Шкендија на која тие одбија финансиска помош за стадионот од 700.000 евра, па како федерација ние не можеме никого со сила да му помогнеме. Помошта требаше да биде за дополнителни 7.000 седишта за тетовската арена, откако претходно од ФФМ беа купени 3.000 седишта“, вели претседателот на ФФМ.
Преземено од sport1.mk






