Судот издаде упатен акт: Стевчо Јакимовски во затвор од 2 јули
Судија за извршување на санкции при Основниот кривичен суд Скопје издаде упатен акт со кој осудениот Стевчо Јакимовски е упатен на издржување на затворска казна во траење од една година.

Според издадениот акт, осудениот има обврска да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година, каде ќе започне со издржување на изречената казна.
Со оваа одлука се активира постапката за спроведување на правосилната пресуда, со која на лицето му е изречена затворска санкција во предвидениот законски рок.






