СП 2026: Во таборот на Бразил е полесно – стигна добра вест

Повредата на Рафиња на дуелот со Хаити, кога тој мораше да го напушти теренот во 40.минута не е од потешка природа и тој ќе остане со тимот во продолжението на шампионатот. Тоа беше убава вест, која ја соопштија од Бразилската фудбалска федерација.

Рафиња е еден од клучните играчи во тимот на Анчелоти, а во прв момент сите во бразилскиот табор стравуваа дека Мундијалот за фудбалерот е завршен.

Повредениот фудбалер во следните денови ќе мине интензивна програма на заздравување и да биде подготвен за следната фаза од натпреварувањето.

На третиот натпревар од групата Бразил за противник ја има селекцијата на Шкотска.

Back to top button
Close