Обрадовиќ најплатен тренер на сите времиња

Жељко Обрадовиќ од денеска и официјално е нов тренер на Панатинаикос откако најтрофејниот европски тренер се врати на кормилото на поранешниот клуб, наследувајќи го Турчинот Атаман кој си замина по сезоната без трофеј на „зелените“.
Газдата Јанакопулос стори се за да го убеди екс-тренерот на Партизан да се врати во Атина, а Обрадовиќ максимално ја искористи ситуацијата, добивајќи го најбогатиот тренерски договор во историјата на европската кошарка.
Грчките медиуми откриваат дека Јанакопулос му дал на Обрадовиќ понуда што не се одбива, загарантиран тригодишен договор за плата од 3,5 милиони евра по сезона. Дополнително, трофејниот стручњак ќе има дополнителни 500.000 евра по сезона доколку успее да ги освои двата најважни трофеи, во Евролигата и оној за шампион на Грција.
Обрадовиќ во својата прва епизода во Панатинаикос мина 13 години на чело на грчкиот гигант, притоа освојувајќи 23 трофеи.
Извор: fokus.mk






