Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

Две возила во сопственост на адвокатот Асмир Алиспахиќ биле опожарени во засега неразјаснети околности, дознава 4NEWS.MK
Според првичните информации, случајот е пријавен во полиција, која извршила увид и презема мерки за утврдување на причините за пожарот и евентуалниот сторител
Тој вели дека верува во институциите и во нивното професионално постапување, поради што очекува разоткривање на сторителот.
-За жал информацијата е точна. Верувам во институциите и нивното професионално постапување. Заради истрагата не можам ништо да кажам,за било што обратете во МВР.
Со никого немам било какви недоразбирања, не се сомневам во никого, мотивот и причината за мене се непознати, изјави Алиспахиќ за ,,Фокус”.
Алиспахиќ е адвокат со долгогодишно искуство, кој застапува обвинети во голем број случаи, од кои дел биле од голем интерес за јавноста.
Истрагата е во тек, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на увидот.






