Автомобил шест години „заборавен“ на паркинг на аеродромот во Рио де Жанеиро, долгот нараснал до 30.000 евра

Автомобил Хонда сивик веќе шест години стои паркиран на паркингот на аеродромот во Рио де Жанеиро, а неговиот сопственик должи дури 30.000 евра за паркирање“, пренесе француски Фигаро.

 

Автомобилот повеќе нема регистарски таблички, сите четири гуми му се издишани, а се чини дека сопственикот исчезнал, и покрај големиот долг што го направил. Возилото, произведено во 2008 година, сега е покриено со прашина и ’рѓа и изгледа целосно напуштено.

 

Паркираниот автомобил долго време претставувал мистерија, но благодарение на документите пронајдени во неговата внатрешност, авторите на една бразилска емисија успеале да го лоцираат патот што го минало возилото.

 

Според достапните информации, автомобилот, наводно, бил регистриран во Њујорк, по што бил пренесен во Бразил. Клучевите, исто така, биле оставени во возилото на предното седиште, што укажува дека сопственикот го напуштил набрзина. Полицискиот извештај покажува дека автомобилот во 2019 година се наоѓал во Кабо Фрио, за во 2020 година да биде префрлен на аеродромот во Рио де Жанеиро, каде што сè уште се наоѓа.

 

И покрај заостанатиот долг од околу 350.000 бразилски реали (приближно 30.000 евра), сопственикот никогаш не се јавил. Бразилското законодавство бара да се утврди идентитетот на сопственикот пред возилото да може да биде отстрането или продадено.

 

„Иако ваквите случаи се ретки, појавата на напуштени автомобили на аеродромите не е невообичаена. Во повеќето случаи, лицата што ги напуштаат своите автомобили се сопственици кои биле принудени итно да ја напуштат државата, најчесто поради финансиски тешкотии, напиша Фигаро.

Back to top button
Close