Произведен милионитиот модел на „ Шевролет корвета“

Произведен е милионитиот автомобил на моделот „Шевролет корвета“, со што се вброи во врвот на автомобилската индустрија како еден од најпознатите спортски автомобили во историјата. Произведен на 2 јули 1992 година, „Шевролет корвета“ остави значаен белег врз автомобилската историја.

Тогашните модели не постигнаа впечатлива продажба, но со тек на времето, особено со појавата на посилните В8 мотори, автомобилот стана желба на возачите од сите генерации. По децении, „Шевролет“ стана препознатлив симбол за американски спортски автомобил. Милионитиот модел на возилото ја задржа својата автентичност од 1953 година, бела боја на каросеријата дополнета со црвен ентериер.

Автомобилот не заврши кај купувач, туку е зачуван како дел од богатата историја на моделот и често се изложува на автомобилски настани и изложби.

Автомобилот е осма генерација по ред и е еден од ретките спортски автомобили што успеаа да го задржат својот статус повеќе од 70 години непрекинато производство. Посебно се ценат класичните примероци, чија вредност на аукции може да достигне стотици илјади евра, додека ретките и специјални модели се продаваат и за значително повисоки износи. 

Back to top button
Close