Охриѓанец починал откако проголтал опаковка со дрога, полицијата бркала и запрела ,,ренџ ровер” во кој се возел

Вистинска драма се одвивала синоќа во Охрид, кога автомобил ,,ренџ ровер” првично не застанал на полициската патрола, а потоа кога полицајците успеале да го запрат се случила трагедија, кога сопатникот на возачот проголтал опаковка со дрога, по што починал.
-На 08.07.2026 година во 22.30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишен од слобода е И.М.(32) од Охрид. Тој, управувајќи патнички автомобил „ренџ ровер“ со чешки национални ознаки, не го сопрел возилото по даден знак од полициската патрола туку избегал и по дополнително преземени активности, бил застанат. Притоа, полициските службеници во возилото го забележале С.П.(44) од Охрид кој веднаш проголтал опаковка со наркотична материја по што, му се влошила здравствената состојба. Од страна на полициските службеници, повикана е Итната медицинска помош со чие возило С.П. е пренесен во Општата болница во Охрид. Таму, и покрај преземените медицински мерки, тој починал. По наредба на јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција во Општата болница во Битола. По насоки на јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, велат од СВР охрид.






